Emel Öz Gözellik
19 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
КИСИМИ (АА) - Најмалку еден полицаец загина, а тројца се ранети во два оржени напади во градовите Кисими и Џексонвил, во сојузната американска држава Флорида, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата Џеф О'Дел потврди дека во градот Кисими за време на полициска акција дошло до оружен напад врз припаднците на безбедносните сили.
Како што изјави тој, во таа прилика еден полицаец загинал, додека еден бил тешко ранет.
О'Дел исто така изјави дека во друг оружен напад, до кој дошло во градот Џексонвил, биле ранети двајца полицајци.
Во врска со нападите во Флорида се уапсени најмалку три лица, додека по едно лице се трага.