Dursun Aydemir
28 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - На 38. трка во Брисел во категоријата за мажи победи Кениецот Дејвид Мару, а во категоријата за жени Белгијката Софи Харди, јавува Anadolu Agency (AA).
Делницата од 20 километри ја трчаа околу 40.000 лица од 126 земји. Меѓу учесниците беше и премиерот на Белгија Шарл Мишел.
На Мару за првото место му беше доволно време од еден час и 37 секунди, а на Харди еден час, 13 минути и 37 секунди.
Екипите за итна помош им укажаа помош на многу лица кои се жалеа на грчеви, повреди и замор.