Elvir Hocic
28 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
РИМ (АА) - Италијанската воздухопловна компанија откажа најмалку 200 домашни и странски летови поради штрајк на вработените, јавува Anadolu Agency (AA).
Дел од вработените во италијанскиот воздухопловен гигант се незадоволни од работењето на компанијата, поради што стапија во еднодневен предупредувачки штрајк.
Поради штрајкот откажани се најмалку 200 летови, а на официјалната интернет страница на компанијата е соопштено алтернативно решение за 80 отсто од патниците.
Компанијата „Alitalia“ по долгогодишните губитоци во февруари оваа година е ставена под принудна управа, и во рамките на реконструкцијата и нејзина консолидација најавено е отпуштање на 1.700 вработени.
Вработените го одбија предложениот план, како и предвиденото намалување на платите во компанијата, во која 51 отсто од акциите имаат италијанските банки, а 49 отсто компанијата „Etihad“.