Cuneyt Davut,Besar Ademi
26 Мај 2016•Ажурирај: 27 Мај 2016
ИДОМЕНИ (АА) - По завршувањето на акцијата на грчката полиција започната утрото на 24-мај за префрлање на бегалците од кампот во Идомени во другите бегалски кампови на северот од Грција, денеска официјано беше затворен бегалскиот камп во Идомени, Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска беше објавено дека акцијата за префрлање на бегалците од кампот во Идомени, која започна во раните утрински часови во вторникот и во која учествуваа над 1.000 полицајци од различни единици и беше подржана од хеликоптер, е завршена и дека кампот е официјално затворен.
Повеќе од 8.000 бегалци од кампот во Идомени беа префрлени во кампови на северот од Грција со подобри услови за живот.
Во рамките на операцијата за празнење на кампот, грчките власти ја отворија железничката пруга која ги поврзува Грција и Македонија, која поради бегалската криза повеќе од два месеци беше затворена. Последните два месеци патничките возови патуваа низ Бугарија, додека транспортните возови останаа заглавени. Меѓународната железничка пруга беше една од причините за затворањето на кампот.
Грчкиот заменик-министер за јавен ред и заштита на граѓаните, Никос Тоскас, официјално прогласи дека бегалскиот камп во Идомени е затворен.
Заменик-министерот Тоскас истакна дека кампот е преселен за да околината на Идомени не се користи како камп, дека во акцијата за трансфер не била употребена сила врз бегалците не била и дека поголем дел од бегалците од кампот си заминале по сопствено волја.
„Состојбата во кампот во Идомени беше неприфатлива. Новите кампови на бегалците ќе им пружат подобри услови и ќе им овозможат да го продолжат својот пат во другите европски земји“ , изјави заменик-министерот Тоскас.
Во почетокот од акцијата грчката полиција соопшти дека трансферот на бегалците ќе трае подолго од една недела. Но поголем дел од бегалците од кампот си заминале по сопствена волја во останатите кампови, додека оној мал дел кој не го прифатиле трансферот, со сопствени можности, пеш заминале во камповите кои се во близина на Идомени.
Во меѓувреме невладините организации изјавија дека празнењето на кампот во Идомени нема да ја реши бегалската криза и сметаат дека е неизвесно колку бегалците во малите шатори во кои се сместуваат ќе чекаат да го продолжат својот пат кон западноевропските земји.
Со затворањето на балканскиот коридор во Грција се заглавени повеќе од 50.000 бегалци. По договорот меѓу Европската унија и Турција за згрижување на бегалците и зголемената контролата во Егејското Море, намален е бројот на бегалци кои на илегален пат пристигаат во Грција.