Barış Seçkin
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
ВАТИКАН (АА) - Папата Франциско на полноќната миса одржана во базиликата „Св. Петар“ во Ватикан, поголемиот дел од своето обраќање го посвети на децата, жртвите од војната и насилствата, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата во таа пригода изјави дека децата што се родени во денешно време страдаат многу.
Поглаварот на Римокатоличката црква нагласи дека децата го поминуваат животот во засолништа бегајќи од бомби, наместо да растат во мир, опкружени со љубовта на родителите.
Исто така, папата рече дека децата наместо играчки во рацете имаат оружје или дека се принудени на миграции со чамци.
Полноќната миса, според католицизмот, го најавува доаѓањето на Божиќ, кој, според новото сметање на времето, се одбележува како ден на Исусовото раѓање.
Полноќната миса ја следеа илјадници верници, а за неа се преземени сите безбедносни мерки во Ватикан, по терористичкиот напад во Берлин.