Ali H. M.Abo Rezeg
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
КАИРО (АА) - Египетските власти вчера соопштија дека припадниците на бунтовничката група во Јемен, Хути, ослободила 49 египетски рибари, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Египет соопшти дека ослободените рибари се наоѓаат во покраината Ал Хидајда, во јужниот дел на Јемен.
„Се финализираат мерките за нивното враќање во татковината”, изјави портпаролот на египетското министерство, Ахмед Ебу Зејд.
Претходно овој месец, египетските власти соопштија дека 49 египетски државјани биле заробени во затвор којшто го држат Хусите, во главниот град Сана.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна кога бунтовниците, предводени од шиитското движење на Хусите, го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други региони.