Zehra Ulucak
03 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
АПЕР ЛЕЈК (AA) - Властите во Калифорнија, САД, најавија нова евакуација како резултат на пожарите кои сè уште не се ставени под контрола, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата за шумски услуги на САД соопштија дека е дадена наредба за евакуација на 14.000 лица поради пожарот покрај Националниот парк „Мендосино“ и граничната зона меѓу подрачјата Лејк и Колуза.
Од друга страна, властите нагласија дека 39 отсто од пожарот што избувна минатата недела во подрачјето на Шаста, во северниот дел на Калифорнија, кој предизвика смрт на шест лица, е ставен под контрола, но зафатил површина од 506 километри квадратни.
Исто така, властите велат дека продолжува да се шири пожарот што избувна во северниот дел на Сан Франциско и предизвика штета на 16 куќи, и дека пожарот претставува ризик за над 8.000 згради.
Над илјада куќи се запалени во пожарот во подрачјето на Рединг и околината, додека од почетокот на неделата околу 20.000 лица се евакуирани поради пожарот што ги зафати подрачјата на Мендосино и Лејк.
Вчера беше соопштено дека најмалку три нови пожари се појавија во подрачјето на Сиера Невада во Калифорнија.