Anees Suheil Barghouti
03 Август 2018•Ажурирај: 04 Август 2018
РАМАЛА (AA) - Палестинецот Хасан Шука, кој престојува во самица во израелскиот затвор во Рамла, влезе во 67. ден, откако почна да штрајкува со глад, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на Палестинското здружение на затвореници, Шука неодамна е префрлен во Медицинскиот центар „Капалан“, поради наглото влошување на здравствената состојба.
Шука (30) е ставен во административен притвор првпат во 2017 година. По 35-дневниот штрајк со глад, постигна договор со израелската администрација за пуштање на слобода во јуни оваа година.
Откако е повторно притворен, започна втор штрајк со глад, кој сè уште трае.
Израелската долгогодишна политика овозможува притворање на осомничените без обвинение и судења, на период до три месеци со можност за продолжување.
Според палестинските податоци, во израелските затвори престојуваат повеќе од 6.400 Палестинци, од кои 550 се во административен притвор.