Ekipa
24 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
ЕРБИЛ (АА) - Високата независна комисија за избори и референдум при Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак соопшти дека завршиле со сите подготовки, и дека утрешниот ден е прогласен за неработен по повод т.н. „референдум за независност“, кој од страна на Федералниот суд на Ирак се оценува како противуставен, јавува Anadolu Agency (AA).
Комисијата за референдумот која истакна дека утрешниот ден е прогласен за неработен во целиот регион, соопшти дека поставени се гласачките кутии во избирачките места во градот Ербил, и дека се вршат последните подготовки за референдумот.
„Процесот на поставување на кутиите во голема мера заврши. Утре во 08:00 часот наутро ќе започне процесот на гласање“, истакна за АА надлежниот од комисијата во средното училиште Барзани Немир во градот, Соран Шахап.
„3.000 гласачи ќе можат да гласаат во ова средно училиште“, додаде тој.
Од друга страна, портпаролот на Регионалната курдска управа на северен Ирак, Сефин Дизајим, во писмено соопштение истакна дека по повод референдумот утрешниот ден е прогласен за неработен во Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак и во другите региони.
- Спорната одлука за референдум на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак -
Претседателот на Регионалната курдска управа на северниот дел од Ирак, Месут Барзани, по средбата со политичките партии одржана на 7 јуни, соопшти дека на 25 септември 2017 година ќе се одржи референдум за независност, вклучувајќи го и Киркук, и другите спорни региони.
Од друга страна, ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади, по објавувањето на референдумот истакна дека тој е противуставен, и оти нема да се прифати резултатот од овој референдум. Федералниот суд на Ирак поради истата причина донесе одлука за укинување на референдумот, прогласувајќи го за неважечки.
САД предупредија дека одлуката за одржување на референдумот е ризична, и упатија апел за итно откажување на референдумот