Cankut Taşdan,Sertaç Bulur
04 Ноември 2016•Ажурирај: 04 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагите за тероризам предводени од страна на јавните обвинителства на Дијарбакир, Хакќари, Ван, Ширнак и Бингол започната е операција за приведување на пратениците на Народната демократска партија (ХДП), јавува Anadolu Agency (AA).
По усвојувањето на измените на Уставот за законот со кој се отстранува недопирливоста на пратениците во Големото народно собрание на Турција, меѓу пратениците кои отишле во обвинителството да дадат изјава се наоѓа и Претседателот на Партија на народно движење (MHP) Девлет Бахчели. Пратениците на ХДП не се одзвале на оваа покана и не заминале во обвинителството да дадат изјава, поради што јавниот обвинител донесе одлука за нивно приведување.
Во тие рамки полициските екипи започнале со акцијата за приведување на пратениците на партијата ХДП, меѓу кои се наоѓаат и ко-претседателите на партијата Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаг.
Одлуката во врска со притвотор на пратениците на ХДП, Конгресот за демократско општество и Сојуз на Курдските заедници донесоа одлука да не учествуваат на испитувања поврзани со настаните на 6-8 октомври.