Bayram Altuğ
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
ЖЕНЕВА (AA) - Од 25 август до денеска, повеќе од 613.000 аракански муслимани пребегаа од Мјанмар во соседен Бангладеш, потврди гласноговорникот на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Џоел Милман, јавува Anadolu Agency (AA).
Араканските муслимани и понатаму пристигнуваат во Бангладеш, а во колективните центри во Кокс Базар се наоѓаат 826.000 Араканци.
Говорејќи на конференцијата за медиумите во Женева, Милман изјави дека конфигурацијата на теренот на којшто се наоѓаат камповите и климатските услови се една од најголемите пречки во дистрибуцијата на хуманитарната помош.
Гласноговорникот на ИОМ нагласи дека по земањето на хуманитарната помош, араканските муслимани со часови пешачат до камповите по многу високи температури.
„Пешачењето по планинско подрачје и по опасни патишта“, истакна Милман, „претставува голем ризик за децата, старите лица и за лицата со инвалидитет“.
Тој потсети дека во октомври се изградени 850 метри пат за помошта да може да биде доставена за 50.000 лица во бегалскиот камп Балукхали.
Гласноговорникот на Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ), Кристоф Булирак, рече дека во камповите во Бангладеш има околу 360.000 деца кои не се вакцинирани и немаат доволно храна. Поради тоа, укажа на опасноста од заболување од сипаници.
Милман потсети дека до 4. ноември, според податоците до кои дошол, од последиците од сипаници починало едно дете, а заболеле 412.
Мјанмарската војска од крајот на август спроведува различни тортури над муслиманите во Аракан. Не е дозволен влез на ова подрачје, поради што не се знае точниот број на смртно настраданите. Меѓу цивилите кои го пронајдоа спасот во соседен Бангладеш, 60 отсто се деца. Тие во различни услови се обидуваат со родителите да преминат во Бангладеш и привремено да се сместат во некој од камповите во коишто, според податоците, има многу лоши животни услови.
Во нападите што мјанмарската војска, под изговор дека води борба против вооружени милитанти ги врши во Аракан, од 25 август досега настрадаа повеќе илјадници луѓе. Поради тоа што мјанмарската не дозволува влез во спомнатото подрачје, невозможно е да се утврди точната бројка на жртвите.