Abdulselam Durdak
07 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
ХАМБУРГ (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Русија Владимир Путин денеска на Самитот Г20 во Хамбург имаа прва официјална средба, јавува Anadolu Agency (AA).
Веднаш на почетокот Трамп израи задоволство поради средбата со рускиот претседател, додавајќи дека е многу почитуван.
„Имавме некои многу добри разговори. Овие средби ќе бидат продолжени", рече Трамп.
Путин исто така, истакна дека му е чест што се состанал со Трамп.
„Почестен сум што ве запознав лично, се надевам дека нашата соработка ќе даде резултати", рече Путин.
На состанокот присуствуваат и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.