Miki Trajkovski
06 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
СТРУГА (АА) - На површина од 3200 метри квадрати во близина на машка плажа во Струга денес беше пуштен во употреба Детски парк кој е прв од ваков вид во овој туристички центар во Македонија.Целиот проект е со донација од турската општина Бујукчекмеџи и Општина на градот Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Проектот е вреден 90000 евра. Детскиот парк се состои од реквизити за најмладите и од т.н фитнес зона и е подарок за децата од Струга.На отварањето на паркот присуствуваа голем број на граѓани, како и претставници на збратимената општина Бујукчекмеџи во Истанбул, со која Струга од минатата година е збратимена општина.
Градоначалникот на Струга, Зијадин Села најави реализација на уште неколку проекти со финансиска помош од оваа турска општина.
Еден од проектите е изградба на нова училишна зграда за потребите на основното училиште „Браќа Миладиновци" во Струга, со што долгорочно ќе се реши просторниот проблем, а учениците кои учат во старата зграда во ова училиште ќе посетуваат настава во современи услови.
„Ова е почеток на еден од неколкуте заеднички проекти кои ги имаме со општинта Бујукчекмеџи. Се работи за првиот проект но не и последен.Ние сме на почеток и на изградба на едно училиште во рамките на 'Браќа Миладиновци'. Ние сме во почетна фаза и на изградба на два парка во знак на нашето збратимување. Едниот парк ќе биде во општината Бујукчекмеџи и најверојатно ќе носи име кое е поврзано со Струга, а другиот парк ќе биде изграден во Струга на потегот кај женска плажа и тоа ќе биде најубав и најголем парк во Струга.Ова го правиме се со цел Струга да ја направиме што поубава“, рече градоначалникот на Струга Зијадин Села.
Претставникот на општина Бујукчекмеџи, Кемал Акар Гаваз кажа дека ќе продолжат инвестициите од нивна страна во Струга.
„За овој проект претседателот на општината Бујукчекмеџи заедно со луѓе од таа општина и заедно со градоначалникот на Струга, беа главните иницијатори за овој проект“, рече Гаваз.
Во исто време во тек е иградба и спортска сала во средното училиште „Ибраим Темо" во Струга со средства од Бујукчекмеџи и општината на град Истанбул.