Ayşe Hümeyra Atılgan
04 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Двајца војници загинаа, а тројца се повредени во ракетен напад во југоисточна Турција, изјави претставник на локалните власти, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на канцеларијата на гувернерот на Дијарбакир се вели дека терористи на ПКК нападнале воена база во близина на селото Абали, на околу 10 километри северозападно од градот Лиџе, во југоистичната покраина Дијарбакир.
Војниците возвратиле на огнот при што загинале двајца војници, а тројца се повредени. Тие се хоспитализирани во најблиските болници.
Eден војник им подлегнал на повредите во болница.
По нападот започна операција за пронаоѓање на извршителите, поддржана од воздух.
Во областа на Лиџе се случија неколку терористички напади откога ПКК - прогласена за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ - ја продолжи својата 30-годишна оружена кампања против државата во јули 2015 година. Во последниот напад во саботата загина еден војник.
Во текот на последните 14 месеци, во терориостички напади на ПКК загинаа над 600 припадници на безбедносните сили како и голем број цивили, вклучувајќи жени и деца, а над 7.000 терористи на ПКК беа убиени во операции на армијата.