Erdoğan Çağatay Zontur
04 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа терорист на ПКК во северен Ирак од листата на барани терористи, истакнаа безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Муслух Ике, познат под кодното име „Текошер Загрос“ е неутрализиран во заедничка операција на Турската национална агенција за разузнавање (МИТ) и Турските безбедносни сили (ТСК) во подрачјето на Метина, северен Ирак.
„Ике, одговорен за подрачјето на Метина, кој се приклучил на организацијата во 1990-тите години, е иницијатор на многу терористички напади и активности во југоисточната турска област Хакќари“, додаде изворот.
Во својата терористичка кампања против Турција, ПКК е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ.