Hakan Çopur
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека „100% стојат зад“ Јапонија од заканите на Северна Кореја, која тестираше балистички проектил, јавува Anadolu Agency (AA)
Трамп и премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, кој беше во службена посета на САД, оддржаа прес-конференција во државата Флорида во врска со тврдењата за севернокорејското тестирање на балистички проектил.
Во врска со последните чекори кои ги презема Северна Кореја, на прес-конференцијата претседателот Трамп ја потврди поддршката која САД ѝ ја дава на Јапонија. „САД, 100% стои зад големиот сојузник, Јапонија“.
Премиерот на Јапонија, Абе, во врска со тестирањето на балистички проектил од страна на Северна Кореја, рече: „Недопустливо е последното тестирање на проектил од страна на Северна Кореја. Северна Кореја мора во потполност да ги почитува одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН)“. Премиерот Абе го истакна и уверувањата во однос на безбедноста што Трамп ѝ ги дал на Јапонија во врска со однесувањето на Северна Кореја.
Јапонскиот премиер Абе, во петокот беше пречекан од Трамп во Белата Куќа. Тој е вториот странски државник, по премиерката на Англија, Тереза Меј, гостин на администрацијата на Трамп. Двајцата лидери по средбите во главниот град Вашингтон преминале во резиденцијата на Трамп, која се наоѓа во градот Палм Бич, Флорида.