Sarp Özer
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во операцијата против терористите во рамките на зимските подготовки во руралните делови на Ширнак, југоисточна Турција, во којашто учествуваа и воени авиони беа уништени засолништа и магацини на оружје на сепаратистичката терористичка организација (ПКК). Според првичните информации во операцијата неутрализирани се 15 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Турските вооружени сили, во рамките на зимските подготовки, продолжуваат операциите на единиците поврзани со Командата на 48. погранична бригада и припадниците на локалните безбедносни единици во јужниот дел на планината Дугун, против терористите од областа.
Во рамките на операцијата, во 05.45 часот се случија жестоки судири. Во првичните борби беа неутрализирани тројца терористи, а потоа беа изведени артилериски и минофрлачки напади кон позициите на терористите. Во подрачјето беа испратени и воени авиони.
Од страна на воените авиони беа гаѓани засолништата и магацините за оружје на терористите, при што истите се уништени. Според првичните податоци во операцијата се неутрализриани 15 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК, а одреден број се повредени.
Антитерористичката операција во подрачјето продолжува.