Halil İbrahim Sincar,Selahattin Erol,Serdar Açıl
08 Јуни 2016•Ажурирај: 08 Јуни 2016
МАРДИН (АА) - Врз полициска станица во Мидјат, кој се наоѓа во подрачјето на градот Мардин, беше извршен напад со возило-бомба, во кој животот го загубија две лица од кои едното полицаец, додека 23 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, нападот на седиштето на полицијата, бил извршен со возило полно со експлозив.
Според првичните информации, од експлозијата загинал еден полицаец, едно лице, а повредени се 23 цивили кои се наоѓале во непосредна близина.
Дел од повредените кои биле пренесени во државната болницата во Мидјат, по укажаната интервенција биле пратени во другите околни болници.
Во регионот се забележани и екипи на АФАД (Екипи за управување со катастрофи и вонредни состојби).
Улицата Нусајбин, каде што се случи нападот, е многу фреквентна улица.
Од експлозијата кај голем број од околните згради е предизвикана материјална штета.