Dildar Baykan
27 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека одбивањето на барањето за приведување на Салих Муслум, поранашен копретседател на терористичката организација ПЈД/ПКК, од страна на Чешка, не е во согласност со меѓународното право и одговорноста за борба против тероризмот, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Тоа што нашето барање за привремено приведување на Салих Муслум, лидерот на терористичката организација ПЈД која е огранок на терористичката организација ПКК/КЏК во Сирија, е одбиено од страна на судот во Чешка, покажува дека чешкото судство не е во согласност со одговорностите околу меѓународното право и борбата против тероризмот“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.
Во соопштениете се вели дека ПЈД е сириска структура на ПКК која е призната како терористичка организација од страна на Европската Унија (ЕУ) во која Чешка е земја членка.
„Чешкиот суд, со донесувањето на одлуката за пуштање на слобода на Салих Муслум наместо да биде приведен, покажа дека не се грижи за тоа што десетици невини цивили го загубија животот во терористички напади, и не се грижи за болката на десетици семејства. Чешка даде нов пример за тоа колку реториката за борба против тероризмот во Европа е неискрена“, се вели со соопштението.