Ali Cura
06 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
КИЕВ (АА) - Главното јавно обвинителство на Украина соопшти дека побарало од Националната полиција да го стави поранешниот претседател на Грузија и поранешен гувернер на Одеса, Михаил Саакашвили, на листата на барани лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Главното јавно обвинителство на Украина, Лариса Сарган, преку својот профил на „Twitter“ (Твитер) соопшти дека од Националната полиција било побарано да го стави Саакашвили на листата на барани лица, a тој е обвинет за обид за кривично дело, организиран криминал, помагање на членови на криминална организација и прикривање на нивните кривични дела.
Сарган нагласи дека процедурите ќе ги водат украинската полиција и разузнавачката служба Украински безбедносен сервис.
Саакашвили, кому му е одземено украинското државјанство, вчера беше приведен во рацијата на неговата куќа во Киев.
Откако Саакашвили беше ставен во полициското возило, од страна на неговите поддржувачи тој беше извлечен од возилото и премина пред зградата на украинскиот Парламент со цел да продолжи со протестите.