Tuğrul Çam
06 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
ТАНГАИЛ (АА) - Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) изгради игралиште за деца во бегалскиот камп каде што престојуваат араканските муслимани во Бангладеш, јавува Anadolu Agency (AA).
ТИКА изгради игралиште за деца во камп во подрачјето Тангаил, а во игралиштето се поставени различни реквизити, лулашки и клацкалки. Исто така, играден е и мал стадион за фудбал.
Заменик-координаторот на ТИКА во Бангладеш, Џихан Динчер, во изјава за АА зборуваше во врска со детското игралиште, и истакна дека од август вршат активности во регионот. Тој додаде дека забележале оти повеќето бегалци што доаѓаат тука се жени и деца.
„Мислевме што можеме да направиме за овие деца. Најдовме празен простор. Донесовме архитект од Дака и изградивме вакво игралиште“, рече Динчер.
„Децата се многу среќни. Кога тие сме насмеани, и на нашето лице има насмевка. Една детска насмевка прави да го заборавиме стресот од целиот ден. Единствената забава на децата е на ова место“, пренесе Динчер, истакнувајќи дека иако овие деца се многу мали, тие имаат голем товар на нивниот грб.
„Ако можеме да направиме децата колку-толку да ги забораваат нивните проблеми, тоа е доволно за нас, доволно за нашата земја“, додаде Динчер.
Според соопштеното, ТИКА планира да го предаде детското игралиште на УНИЦЕФ.
ТИКА секој ден обезбедува храна за над 5.000 семејства, односно за околу 25.000 лица, а за подготовка на оброците изгради една голема кујна.
Од ТИКА велат дека секој ден користат околу 2,5 тони прехранбени производи и дека храната ја подготвува екипа од 34 вработени.