Ali Cura
16 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
КИЕВ (АА) - Украинскиот Парламент усвои една одлука во којашто се повикува ЕУ до крајот на годината да донесе одлука за либерализација на визниот режим, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката е прифатена во Парламентот, со гласовите на 261 пратеник. Во одлуката е наведено дека Украина ги исполнува сите критериуми што ги бара ЕУ.
Во повикот кон ЕУ беше побарано до крајот на годината граѓаните на Украина да можат слободно, без визи да патуват во ЕУ.
Исто така, во неа се истакнува и важноста на соработката меѓу Украина и ЕУ во контролата на границите и мигрантите, како и во заштитата на човековите права и слободи.
Покрај ова, во одлуката е наведено и дека Украина е подготвена за соработка против опасностите на тероризмот, организираниот криминал, нелегалната миграција.