ВАШИНГТОН (АА) - Бизнисменот Доналд Трамп, кандидатот од редот на Републиканската партија победи на вчерашните избори за претседател на САД, а многумина светски лидери му упатија честитки по повод победата, јавува Anadolu Agency (AA).
Шулц: Победата на Доналд Трамп е неспорна и мора да се почитува
Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц порача: „Гласачите одлучија во САД. Победата на Доналд Трамп не е спорна и треба да се почитува. Им честитам на Трамп и на Републиканците за победата“.
По повод новоизбраниот претседател на САД, Шулц даде писмена изјава во која истакна: „Гласачите одлучија во САД. Победата на Доналд Трамп не е спорна и треба да се почитува. Им честитам на Трамп и на Републиканците за победата“.
Шулц во однос на изборите во САД: „Мора да се насочи вниманието на ведродостојни политики и понуди. Нема да се памети оваа кампања како најдобра во САД. Острите критики и поларизацијата во врска со изборите, станаа двигател на раздорот во државата. Трамп ќе има тешка задача, да го обедини разединетиот народ“.
Меркел понуди блиска соработка со Трамп
Германската канцеларка Ангела Меркел му понуди блиска соработка на Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД, врз основа на заедничките трансатлантски вредности, за кои вели дека вклучуваат почитување на човековото достоинство, без оглед на потеклото, полот или верата.
Денес, за германските медиуми Меркел изјави дека кампањата којашто завршила со победа на Трамп, била обележана со конфронтација која била тешка за справување.
Таа ги истакна блиските историски врски на Германија со САД. „Германија и Америка се поврзани со вредностите, како што се: демократијата, слобода, почитување на законот и достоинството на човекот, независно од потеклото, бојата на кожата, религијата, полот, сексуалната ориентација или политичките ставови“, изјави Меркел.
„Врз основа на овие вредности, му нудам блиска соработка на претседателот на САД, Доналд Трамп“, додаде Меркел.
Таа наведе дека партнерство со САД е камен-темелник на германската надворешна политика.
Тереза Меј: Со нетрпение очекувам соработка за јакнење на британско-американските односи
Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, му честита на Доналд Трамп за победата на вчерашните претседателски избори одржани во САД.
Шефицата на британската Влада, Тереза Меј, упати пишана честитка до Трамп за изборната победа која, како што таа истакна, ја остварил по тешката предизборна кампања. „Велика Британија и САД одржуваат посебни и цврсти односи, засновани на вредностите на слободата и демократијата. Ќе го продолжиме блиското и силно партнерство во соработката на полето на трговијата, безбедноста и одбраната“, порача Меј.
Столтенберг му ја честита победата на Трамп
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг му честиташе на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и во врска со неговиот избор за претседател изјави: „Со нетрпение ја очекувам соработката со избраниот американски претседател Трамп“.
Во својата писмена изјава, Столтенберг вели: „На Доналд Трамп му го честитам изборот за претседател на САД. Со нетрпение ја очекувам соработката со новоизбраниот американски претседател Трамп“.
Истакнувајќи дека се сочуваат со една тешка ситуација, како што се опасностите од хибридните војни, хакерските напади и тероризмот, Столтенберг рече: „Како и секогаш, лидерството на САД е важно. Нашата алијанса 70 години ги обединува пријателите на САД, и во време на мир и во време на војна. Силниот НАТО сојуз е добар и за САД и за Европа“.
Столтенберг истакна дека со нетрпение очекува да се сретне со Трамп на самитот на НАТО што ќе се одржи следната година во Брисел.
Нетанјаху го нарече Трамп вистински пријател на Израел
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху му честиташе на Доналд Трамп за изборот за претседател на САД, именувајќи го како вистински пријател на Израел.
Нетанјаху изјави дека верува оти тие двајца ќе продолжат да го засилуваат единственото сојузништво меѓу двете земји и ќе го доведат на ниво повисоко од кога било. Меј исто така изјави дека со нетрпение ја очекува соработката со Трамп за зајакнување на безбедноста и просперитетот на двете земји во иднина.
news_share_descriptionsubscription_contact
