Ekipa
01 Ноември 2018•Ажурирај: 02 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК нападите на Турција врз терористичките цели источно од Еуфрат сака да ги прикаже како причина за нејзино повлекување од борбата против ДЕАШ во Сирија, меѓутоа, оваа организација на овој начин сака да изнуди зголемена поддршка на САД за неа.
Од 11 септември се во тек судирите меѓу терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во Дејр ез Зор.
ЈПГ/ПКК со околу 6.000 свои терористи изврши напад, со цел да го преземе подрачјето Хеџин кое е последното упориште на ДЕАШ во овој град.
Оваа организација изврши интензивни напади со поддршка на САД и Франција, со цел целосно да се отстрани присуството на ДЕАШ во сирискиот град Деир ез Зор, богат со енергија.
ЈПГ/ПКК доживеа загуба на стотици свои припадници во судирите во центарот на подрачјето Хеџин, во центрите на Шифа, Багоз и Сусе, како и во селата Бу-Хесан и Бу-Хатир.
Но, и покрај поддршката на САД и Франција, оваа организација не успеа да напредува, а како резултат на силното спротивставување на терористите на ДЕАШ, кратко време откако ја презеде контролата во овие места таа беше принудена да се повлече од овие места.
ЈПГ/ПКК успеа да ја задржи контролата само врз центарот на Багоз, чија контрола ја презеде на 27 септември.
- Потрага по прикривање на неуспехот -
Оваа терористичка организација која го користи називот Сириски демократски сили ( СДГ), со цел да добие поддршка од САД, во соопштение објавено вчера на своите профили на социјалните мрежи соопшти дека ставила крај на своите операции против ДЕАШ поради операциите кои во последните денови ги изврши Турција во Кобани.
Организацијата на овој начин сака да го прикрие својот неуспех против терористичката организација ДЕАШ, и покрај поддршката на САД и Франција.
Оваа организација сака да ги повлече САД до неа против нападите на Турција.
Терористичката организација со своите можности сака да врши уцена, со цел да добие гаранција од САД во врска со Турција. Таа упатува порака до американската Војска „Не можеме да продолжиме во Деир ез Зор, ако не ја спречите Турција.“
ЈПГ/ПКК истата тактита ја користеше и за време на операцијата „Маслинова гранка“. По започнувањето на операцијата, оваа терористичка организација соопшти дека ставила крај на нападите против ДЕАШ на исток од реката Еуфрат и во јужниот дел на градот Хасека поради операцијата на Турските вооружени сили во Африн.