Burak Bir
05 Февруари 2022•Ажурирај: 06 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - „Рокстар гејмс“ соопшти дека се работи на ново издание на нивната популарна видеоигра „Гранд тифт ауто“ (Grand Theft Auto), ГТА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Задоволство ни е да потврдиме дека активната работа за следната верзија на серијалот е во тек“, соопштија на Твитер.
Американскиот издавач на видеоигри рече дека ќе продолжи да оди напред со секој нов проект.
„Рокстар гејмс“ исто така им се заблагодари на сите за поддршката.
Серијалот „Гранд тифт ауто“ (Grand Theft Auto) датира од 1997 година.