Emel Öz
08 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
АНКАРА
Кинеските научници истакнаа дека развиле нов тест за Ковид-19 што дава точни резултати за четири минути, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според студијата објавена во списанието „Nature Biomedical Engineering“, истражувачите од Универзитетот „Фудан“ во Шангај, истакнувајќи дека развиле микроелектронски сензори за да го анализираат генетскиот материјал од брисевите, нагласија дека благодарение на овие сензори ќе се намали времето за добивање резултати од тестовите.
Истражувачите истакнаа дека интегрирале електромеханички биосензор во пренослив прототип на уред за откривање на Sars-CoV-2, и дека уредот го открива вирусот за четири минути.
Наведено е дека развиениот тест бил тестиран кај 33 лица кои се заразиле Ковид-19 во Шангај, а резултатите биле целосно компатибилни со претходните ПЦР-тестови направени на овие лица.
Меѓу другото, се додава дека тестот бил направен и на 54 лица кои покажале симптоми на треска и грип, но немале Ковид-19. И кај тие лица немало „лажно позитивни“ резултати.
Истражувачите од Универзитетот „Фудан“ нагласија дека благодарение на новиот тест, сигурен резултат е добиен за само 4 минути.
Научниците, меѓу другото, посочија дека нивниот метод нуди брзина, лесно користење и висока чувствителност.