Emre Baştuğ
21 Јануари 2017•Ажурирај: 22 Јануари 2017
САРАЕВО (АА) - Емре Баштуг
Двајца браќа со потекло од Авганистан кои што го поминале нивното детство помеѓу мини, со нивниот нов изум, технологијата за чистење мини, имаат за цел да ги исчистат мините коишто се причина за смртта на десетици цивили во многу земји околу светот.
Браќата иноватори, израснаа пред страшното лице на мините во областа Касаба, која што се наоѓа близу главниот град на Авганистан, Кабул. Нивните спомени од загинати и ранети луѓе поради минските експлозии во близина на нивниот дом и во населбите околу нив, ги натера да најдат нов изум против „невидливите убијци“- мините со кој што ќе бидат спасени многу животи.
Двајцата браќа од Авганистан кои што го измислиле можеби изумот што ќе го исчисти светот од мините, престојуваат во Холандија, каде што се дојдени како бегалци. Нивната цел е да ги спасат невините луѓе од мините кои што убиваат секој ден.
Заедно со нивната екипа, во 2012-та година браќата ја произведоа направата „Мине Кафон“ со големина и тежина колку еден човек, која што во превод значи „експлодирање на мина“. Мине Кафон изгледа како една топка со големи точки и се движи со сила на ветерот. Додека таа поминува низ рамни земјишта, ги неутрализира мините со тоа што ги активира и ги експлодира.
После ова, истата екипа, со помош на дронската технологија го открија и „Мине Кафон Дрон“ со цел, мините во потешките земјишта да се неутрализират од воздух.
- „Со користење на сегашната технологија, ќе требаат околу 1100 години за да се исчистат сите мини“
Махмуд Хасани, еден од основачите на организацијата „Мине Кафон“ во изјава за Аnadolu Аgency (AA), објаснуваше за опасностите од мините во многу земји околу светот и за изумите што ги имаат развиено против тоа.
Хасани изјави дека со користење на сегашната технологија би биле потребни околу 1100 години за откривање на местото на мините низ целиот свет и нивното неутрализирање. Тој појасни дека сегашната технологија работи многу споро, и многу е ризична и скапа.
Хасани говороше и во врска со Мине Кафон Дрон кој што го открија со помош на дронската технологија.
„Мине Кафон Дрон работи во три фази. Прво, летајќи над минската површина, со нејзината технологија вади 3Д мапа од целата површина. Потоа ги открива местата на мините со ниско летање над површината. На крај со посебен роботски дел во вид на рака, ја експлодира и со тоа ја неутрализира мината од една безбедна далечина“, истакна Хасани.