Seyit Aydoğan
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
ТОРОНТО (АА) - Рудари во Канада откриле фосил на морски влекач (Mosasaurs), за кој е утврдено дека е стар 70 милиони години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ден Спајвак, директор на канадскиот Тирелов кралски музеј за палеонтологија, соопшти дека во близина на местото Летбриџ, работниците во еден рудник, во текот на својата работа откриле вистински праисториски фосил.
Спајвак информираше дека пронајдениот фосил е заглавен во карпеста маса, и наместо динасаурус, повеќе наликува на еден вид морско суштество. „Ова животно живеело во морето Мечја Шепа (Bearspaw Sea - внатрешно море во Северна Америка кое потекнува од раниот геолошки период). Фосилот сѐ уште се наоѓа заробен во внатрешноста на карпата, но врз основа на претходно откриените фосили, можеме да кажеме дека станува збор за голем морски влекач. Пронајдениот фосил повеќе наликува на змејот Комодо кој има остар нос“, истакна Спајвек.
Според него, станува збор за фосил со големина од 6,5 до 7 метри. „Фосилот, чија глава е со големина од 1 метар, поседува остри зашилени заби. Во моментов на планетава не постои вид животно со кое би можеле да го споредиме. Тој тип на животни е целосно исчезнат и на Земјата нема сличен вид“, соопшти Спајвак.
Спајвак рече дека во рудникот каде што е пронајден фосилот, се прават ископи од кои се вади Obsidian - камен виножито (вулканско стакло кое се формира со ладење на лавата) и се користи во секторот за изработка на накит. „Овие лица се луѓе кои знаат што бараат и ја увиделе разликата на она што го откриле. Нѐ побараа и ние како екипа влеговме во рудникот и фосилот на морскиот влекач го пренесовме во музејот. Овој вид живеел пред 72 милиони години во морињата кои покривале голем дел од територијата на Алберта“, рече Спајвак.
Директорот на музејот, Спајвак, информираше дека е затворен делот од рудникот во кој е пронајден фосилот и дека работниците се префрлени во друг дел.