Gamze Türkoğlu Oğuz
06 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Научниците открија хемикалија од клучна важност, којашто овозможува да се потиснат несаканите мисли во центарот за меморија во мозокот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на едно истражување чии резултати се објавени во списанието „Nature Communications“, истражувачите сакале да откријат како нападните мисли се фатени во јамка во мозокот. Во истражувањето учествуваа дваесет и четири млади учесници во процедура што се нарекува „Размислувајте / не размислувајте“ (“Think/No-Think”), а научниците ги следеа нивните мозоци со помош на магнетна резонантна спектроскопија, која ја мери мозочната хемија, и со функционална магнетна резонанца (fMRI).
Во текот на постапката, истражувачите побарале од субјектите да поврзат во асоцијација еден со друг два збора кои инаку немаат очигледна поврзаност, како што се „искушение“ и „лебарка“. Истражувачите потоа побарале од субјектите да се потсетат на парот зборови ако оригиналниот збор кој се појавувал на екран со зелена боја или да го потиснат сеќавањето ако зборот се појавува со црвена боја; односно ако „искушение“ се појавува во зелено, тие можеле да мислат на зборот „лебарка“, но ако „искушение“ се појави со црвена боја, морале да се обидат да ја потиснат мислата и да мислат на други зборови.
Научниците сакаа да видат што се случува во клучните делови на мозокот кога учесникот се обидува да ги потисне мислите, и открија дека оваа способност се потпира на невротрансмитерот наречен ГАБА (GABA), кој овозможува пораките да преминат меѓу нервните клетки, а го има во изобилство кај лицата способни да ја потиснат асоцијацијата.
Студијата предводена од страна на Д-р Тејлор Шмитс и д-р Мајкл Андерсон од Универзитетот Кембриџ, со концентрацијата на ГАБА во хипокампусот, делот од мозокот што се поврзува со меморијата, ја предвидуваат способноста на луѓето да ги потиснат несаканите мисли и сеќавања.
Според соопштеното, ова откритие ќе овозможи да се решат некои проблеми за коишто досега не е најдено некое решение, како анксиозното растројство, посттрауматското стресно нарушување и шизофренијата.