Sena Güler
23 Април 2018•Ажурирај: 24 Април 2018
БОЛУ (АА) - Турски професор откри седум нови видови на остракоди - мали организми кои живеат под вода, јавува Anadolu Agency (AA).
Окан Кулкојлуоглу истражувањето, кое траеше една година, го спроведе во изворските води на градот Сан Маркос, во Тексас, Соединетите Американски Држави (САД).
Во истражувањето му помагаа професор доцент Бенџамин Ф. Шварц и Бенџамин Т. Хачинс од Државниот универзитет во Тексас.
Во разговор за АА, Кулкојлуоглу рече дека во рамките на истражувањето собирал примероци од главниот извор на артескиот бунар во Тексас.
Во примероците тој открил различни седум видови организми помали од еден милиметар.
Тој истакна дека неговот истражување е објавено во познати меѓународни списанија за наука.
„Ние, исто така, идентификувавме најмалку 15-20 нови родови и организми во повисоки таксономски рангови. Студиите за нив се во тек. Размислуваме да ги објавиме наскоро“, рече Кулкојлуоглу.
- Постојат 160 видови во Турција -
Кулкојлуоглу, кој работи на факултет на Универзитетот „Абант Изет Бајсал“ во Болу, северозападна Турција, изјави дека специјализира на слатководните остракоди, кои живеат од пред 500 милиони години.
Тој додаде дека досега се откриени 70.000 видови на тој организам.
Од 2.000 слатководни видови на овој организам, 160 се пронајдени во Турција, истакна Кулкујлуоглу, додавајќи дека бројот би можел да биде многу поголем.
Зборувајќи за неговото откритие, тој изјави: „Речиси ниеден од нив нема очи. Нивната големина соодветствува на нивното подземно живеалиште“.
Тој рече дека овие организми можат да бидат искористени за да потпомогнат во истражувања поврзани со нафтата.