Efe Özkan
06 Февруари 2025•Ажурирај: 08 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – ЧатЏПТ, популарниот четбот базиран врз вештачка интелигенција, доживеа глобален прекин вчера, како што потврди ОпенАИ, сопственик на услугата, јавува Анадолу.
Според Даундетектор, околу 22.000 корисници пријавиле проблеми со пристап до ОпенАИ Сора и ЏатЏПТ АПИ.
ОпенАИ извести дека услугите не се достапни и дека работат на истражување на проблемот, со кој се соочија и програмерите и бизнисите што го интегрирале ЧатЏПТ во своите апликации.
Причината за прекинот сè уште не е позната, но компанијата потврди дека е имплементирано решение за делумно продолжување на услугите.
ОпенАИ сè уште работи на целосно решавање на проблемот.