Ayhan Mehmet
06 Февруари 2025•Ажурирај: 07 Февруари 2025
КОМОТИНИ (АА) - Според вестите објавени во грчкиот печат, личните податоци на корисниците на ‘Ватсап’, апликацијата за инстант пораки под капата на „Мета“, биле цел на шпионски софтвер од страна на компанија со седиште во Израел, известува Анадолу.
Во веста се наведува дека грчката управа за заштита на личните податоци започнала истрага за овие тврдења.
Во рамките на истрагата ќе се испитува и дали се легални активностите на апликацијата за вештачка интелигенција наречена „ДипСик“ во Грција.
Апликацијата за инстант пораки ‘Ватсап’ на Мета кон крајот на јануари соопшти дека околу 90 новинари и членови на граѓански организации можеби биле цел на шпионскиот софтвер „Графит“ на израелска компанија „Парагон солушнс“.