Dildar Baykan
18 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
ЊУЈОРК (АА) – Новооткриеното небесно тело е 120 пати подалеку од Сонцето во споредба со Земјата и претставува најоддалеченото небесно тело забележано досега во Сончевиот систем, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Центарот за мали планети на Меѓународната унија за астрономија (МПЕЦ), во Сончевиот систем откриено е ново небесно тело, наречено 2018 VG18, кое е 120 пати подалеку од Сонцето, во споредба со Земјата.
Исто така е соопштено дека најоддалеченото тело забележано досега во Сончевиот систем, покрај научното име ќе се именува и како „Farout“, што значи „во далечина“. Откриено е дека небесното тело во розова боја, чиј дијаметар е околу 500 километри, цел круг околу Сонцето прави за повеќе од 1.000 години.
Растојанието помеѓу Земјата и Сонцето се пресметува како една астрономска единица (AU), што одговара на околу 93 милиони милји (или 150 милиони километри). Растојанието на „Farout“ од Сонцето изнесува 120 AU.
Новото небесно тело е откриено од Скот С. Шепард од Институтот за наука „Карнеги“, Дејвид Толен од Универзитетот „Хаваи“ и Чад Трухило од Универзитетот во Северна Аризона.