Gamze Türkoğlu Oğuz
20 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Во Кајперовиот појас, сместен во надворешниот дел на Сончевиот систем, зебележано е дека третата од најголемите џуџести планети во овој појас има сателит во својата орбита, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова откритие е објавено во списанието The Astrophysical Journal Letters, кое се базира врз пресметките на податоците добиени од вселенските телескопи Хабл и Кеплер на Национална администрација за аеронаутика и вселена и вселенската опсерваторија Хершел, извршени од страна на астрономи истражувачи.
По Плутон и Ерида, третата најголема џуџеста планета во Кајперовиот појас е планетата 2007 OR10. Научниците откриле дека оваа џуџеста планета има сателит во својата орбита.
Врз основа на телескопските надгледувања, научниците пресметале дека џуџестата планета својот дневен период на движење го изведува за 45 часа. Оваа џуџестата планета има дијаметар од 1.528 километри, додека нејзиниот сателит има дијаметар од 241 до 402 километри.
Џуџестата планета 2007 OR10 која како и Плутон го следи Сонцето од ексцентрична орбита, е за трипати поодалечена од Сонцето во однос на Плутон.
Во Кајперовиот појас се наоѓаат 9 џуџести планети.