Dilara Zengin Okay
14 Ноември 2024•Ажурирај: 15 Ноември 2024
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот производител на електрични автомобили Тесла повлече од пазарот 2.431 примерок од моделот Сајбертрак (Cybertruck) поради дефект, јавува Андолу.
Во соопштението на американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA), се наведува дека возилата Сајбертрак произведени во периодот помеѓу 6 ноември 2023 година и 30 јули 2024 година се повлечени од пазарот заради поправка на дефект на инвертерот.
Ова е шести пат Тесла да повлекува возила оваа година.
Во октомври, Тесла најави дека ќе повлече над 27.000 Сајбертрак возила во САД поради проблеми со камерата за возење рикверц.