Halil Şahin
29 Септември 2023•Ажурирај: 30 Септември 2023
ИЗМИР (АА) - На третиот ден од Саемот за воздухопловство и технологија ТЕХНОФЕСТ, во турскиот град Измир, прикажани се голем број технолошки и научни достигнувања, јавува Анадолу.
Саемот за воздухопловство и технологија се одржува во организација на Турската фондација за технологија (Т3) и Министерството за индустрија и технологија на Туркије.
ТЕХНОФЕСТ оваа година третпат се одржува во Измир. Саемот на воздухопловство и технологија на аеродромот „Чигли“ ќе трае до 1 октомври.
Саемот и денес, како и претходните денови, го посетија голем број граѓани и туристи што имаа можност да погледнат интересни технолошки достигнувања. На третиот ден од саемот меѓу посетителите особено се забележува голем број ученици што доаѓаат во групи со наставниците.
Аеробатскиот показен тим на Турското воено воздухопловство „Солотурк“ во рамките на саемот изведе перформанс што ги воодушеви посетителите.
На ТЕХНОФЕСТ се одржуваат и голем број работилници за деца и млади.
За време на саемот на небото ќе настапи аеробатскиот тим на Воздухопловните сили на Туркије, познат како „Турски ѕвезди“. Во рамките на саемот ќе настапат и борбените беспилотни летала Бајрактар ТБ2 и Бајрактар ТБ3, борбеното беспилотно летало Бајрактар АКИНЏИ и турскиот воен хеликоптер АТАК.
ТЕХНОФЕСТ првпат се одржа во 2018 година.
Агенција Анадолу е глобален комуникациски партнер на Саемот за технологија ТЕХНОФЕСТ.