Ekip
13 Март 2025•Ажурирај: 14 Март 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот научен тим кој учествуваше во деветтата Национална антарктичка научна експедиција се врати дома по 34-дневна мисија во Антарктикот, јавува Анадолу.
Експедицијата, организирана под покровителство на Претседателството на Туркије и Министерството за индустрија и технологија, се спроведе во координација со Поларниот истражувачки институт при ТУБИТАК МАМ.
Во текот на истражувачката мисија, научниците извршија набљудувања на глечерите, сантите мраз и морските видови кои го населуваат Јужниот Пол, меѓу кои грбавите китови, различни видови фоки и птици, како и пингвините – симболични жители на континентот.
Оваа експедиција претставува значаен чекор во научните истражувања на Туркије на Антарктикот, каде што тимот работеше на различни проекти поврзани со климатските промени, биолошката разновидност и карактеристиките на поларниот екосистем.