Gökhan Ergöçün
16 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот Фестивал за воздухопловство и технологија (Текнофест) доби апликации од речиси 40.000 технолошки тимови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Фондацијата на турскиот технолошки тим, Селџук Бајрактар, на Твитер соопшти дека оваа година биле примени двојно повеќе апликации.
„Минатата година беа примени 16.034 апликации, додека бројката оваа година е удвоена на 39.684“, соопштува „Текнофест“ на Твитер.
Настанот ќе биде одржан во период од 21 до 26 септември на Аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.
Наградите ќе бидат доделени во 35 категории, вклучително и транспорт, беспилотни летала, сателити, роботи, земјоделство, биотехнологија, АИ и летачки автомобили.
Фестивалот исто така ќе биде домаќин на голем број активности, вклучувајќи семинари, изложби, самити и воздухопловни шоуа.
Минатата година, третото издание на големиот технолошки настан се одржа во југоисточната турска област Газиантеп во септември.
Настанот не прифати посетители, а беше пренесуван во живо преку платформите на социјалните медиуми поради пандемијата на Ковид-19.
Во 2019 година, на второто издание на фестивалот во Истанбул присуствуваа 1,72 милиони посетители.
Текнофест се одржува во Истанбул во непарни години, додека во други турски градови во парни години.
Агенција Анадолија е глобален комуникациски партнер на настанот од 2018 година.