Enes Kaplan
14 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Одделот за комуникации при турското Претседателство преку соопштение потврди дека претседателот Ердоган телефонски разговрал со францускиот претседател Макрон.
Во соопштението се вели дека Ердоган во телефонскиот разговор со Макрон ја објаснил целта на операцијата „Извор на мирот“, нагласувајќи дека тероризмот на терористичките организации ПКК-ЈПГ и ДЕАШ во северниот дел на Сирија претставуваат закана за безбедноста на Турција и за територијалниот интегритет на Сирија.
Исто така, Ердоган укажа на придонесот на операцијата „Извор на мирот“ во регионалниот мир и стабилност.