Elena Trenchevska Chekovic
22 Септември 2025•Ажурирај: 23 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денес во Њујорк, на маргините на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации беше домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ), пренесува Анадолу.
Муцунски во објава на американската платформа за социјални мрежи Х, истакна дека состанокот е одржан под мотото „Зајакнување на регионалното единство, унапредување на европската иднина“.
„Потврдена е нашата заедничка посветеност кон регионалната соработка и конструктивниот мултилатерализам“, напиша Муцунски по повод состанокот.
Тој нагласи дека е потврдена и посветеноста на унапредување на интеграцијата во Европската Унија (ЕУ) и продлабочување на врските со Унијата, додавајќи:
„Нагласена е важноста на кредибилен процес на проширување на ЕУ со Западен Балкан во неговото јадро.“
Состанокот е организиран од страна на Република Северна Македонија, која ја презеде едногодишната улога на претседавач со ЈЈИ за периодот 2025–2026 година.