????? ????????
25 Октомври 2015•Ажурирај: 03 Ноември 2015
За време на протестите на Демократскиот фронт (ДФ), на кој дојде до судир помеѓу полицијата и демонстрантите во Подгорица, повредени се 15 полицајци и 24 граѓани.
Ова го соопшти министерот за внатрешни работи на Црна Гора Рашко Коњевиќ. Тој на вонредна прес-конференција ппотврди дека еден од лидерите на ДФ, Андреја Марковиќ е приведен во полиција. Anadolu Agency (AA) .
“Полицијата обезбеди ред и мир во Подгорица. Сакам да одадам признание на припадниците на полицијата кои во склад со законот го заштитија државниот имот.
Сакам да кажам дека се повредени 15 полицајци, додека 24 граѓани побараа помош, најголем дел од нив, поради солзавец” , изјави Коњевиќ.