Berk Kutay Gökmen
12 Мај 2026•Ажурирај: 12 Мај 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Куба упатила барање за помош од САД, додавајќи: „Ние ќе разговараме”, пренесува Анадолу.
„Ниту еден републиканец досега не разговарал со мене за Куба, која е пропадната држава и се движи само кон една насока- надолу”, Трамп објави на својата платформа „Трут Соушл”.
„Куба бара помош и ние ќе разговараме”, напиша тој.
„Во меѓувреме, заминувам за Кина“, додаде Трамп, алудирајќи на неговата посета и средбата со кинескиот претседател Си Ѓинпинг планирана за оваа недела.
Реториката на американскиот претседател во однос на Куба значително се заострува, особено по неговите најави на Truth Social дека планира посета на „слободна Хавана“ пред истекот на неговиот мандат.
Трамп, исто така, нареди нафтена блокада на островот.