Esra Tekin
27 Март 2025•Ажурирај: 28 Март 2025
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара го прими на средба својот сомалиски колега Хасан Шеик Мохамуд, соопшти турското Претседателство, јавува Анадолу.
Двајцата претседатели се фотографираа пред турското и сомалиското знаме во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.
На церемонијата за пречек присуствуваа и турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, шефот на турското разузнавање Ибрахим Калин и директорот за комуникации Фахретин Алтун.
За време на средбата на Ердоган со сомалискиот претседател Мохамуд разговарано е за билатералните односи, регионалните и глобалните прашања.
Директоратот за комуникации при турското Претседателство соопшти дека на средбата Ердоган ја истакнал важноста на мирот, безбедноста и територијалниот интегритет на Сомалија и дека Туркије ќе продолжи да поддржува трајно решение за спорот меѓу Сомалија и Етиопија.
Турскиот претседател рече дека одлучната соработка со Сомалија во борбата против тероризмот ќе продолжи и дека Туркије секогаш стои покрај сомалискиот народ.
Тој ја истакна и важноста од зајакнување на билатералната соработка на полето на економијата, трговијата, безбедноста и одбраната.