Ekipa
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
СЕУЛ (АА) - „Google“ (Гугл) денес соопшти дека ќе вложи 550 милиони долари во главниот конкурент на компанијата „Alibaba“ („Алибаба“), JD.com, пренесува Anadolu Agency (AA).
Aмериканскиот технолошки гигант „Google“ настојува да го прошири својот удел на сопствеништво во растечкиот азиски пазар за е-трговија.
Во рамките на партнерството, производите на JD.com ќе се појават на онлајн-продавницата на „Google“, давајќи им пристап на потрошувачите на JD.com кои се надвор од Азија, додека „Google“ може да го користи кинескиот ланец за снабдување со стока, логистика и нивната технологија.
„Google“ вели дека преку партнерството на овие две компании ќе се обиде да пронајде нови решенија за подобрување на искуствотото за купување на купувачите низ светот.
Не е јасно дали партнерството е најнов обид на американската компанија да се пробие на кинескиот пазар, каде што се блокирани главните услуги на „Google“, вклучувајќи ја и е-поштата и пребарувачот на „Google“.
Според податоците на „Google“, се очекува потрошувачите од југоисточна Азија да потрошат околу 88,1 милијарда долари до 2025 година.
JD.com е втора најголема кинеска компанија за е-трговија по „Алибаба“.
Како дел од договорот, „Google“ ќе добие 27,1 милиони акции од А-класа на компанијата JD.com.