Emel Öz Gözellik
15 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Google на глобалната карта на светот, го претстави турскиот град Чорум за центар на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од најчестите интернет пребарувачи Google, и неговиот сервис за мапирање Google maps, за географски центар на светот го посочи руралниот дел на турскиот град Чорум.
Според изработените пресметки, за теоретски центар на светот беше претставен Чорум, што беше посочено и од страна на картите на Google maps.
Пресметките кои 1973 година ги изработил Ендрју Џ. Вудс, физичар од крајбрежниот град на Сан Диего, посочуваат дека центарот на светот се наоѓа југоисточно од Анкара, на оддалеченост од 150 километри. Според новите пресметки и изработениот дигитален модел на површина на земјата од 2003 година, од страна на Холгер Исенберг, градот Чорум се претставува за центар на светот.
Пирамидите во Египет, спорд некои теории, порано беа претставувани како област во која се наоѓа центарот на светот.