Ekrem Biçeroğlu
02 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - „Амнести интернешнал“ соопшти дека администрацијата на Египет во последните два месеца егзекутирала 57 лица, додека оваа бројка е двојно зголемена во споредба со 2019 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на „Амнести интернешнал“ подготвен врз основа на изјавите на блиските и на адвокатите на егзекутираните лица, како и врз основа на соопштенијата на невладините организации во Египет, се наведува дека администрацијата на Египет во октомври и ноември егзекутирала 57 лица, а се нагласува дека бројот на егзекутирани во 2019 изнесува 32.
Во овој извештај се нагласува дека најмалку 15 од егзекутираните биле затворени во рамки на судските случаи во врска со политичко насилство, и дека овие пресуди биле донесени по неправедни судења и преку тешко кршење на човековите права.
„Египетските власти во последните месеци започнаа страшен бран на егзекуции“, истакнува во извештајот директорот за истражување и одбрана на „Амнести интернешнал“ за Средниот Исток и Северна Африка, Филип Лутер.
Лутер нагласи дека меѓународната заедница и органите на ОН за човекови права треба да формираат механизам кој ќе ги следи и известува за состојбата на човековите права во земјата и ќе упатува апел до египетските власти за итно ставање крај на егзекуциите.
Според египетските закони, смртните казни се извршуваат по одобрение на претседателот на државата, кој исто така има право на простување и убалжување на казната.