Mustafa Deveci
02 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Високиот комесаријат за човекови права при Обединетите нации (OHCHR) упати апел до Израел да изврши транспарентна истрага во врска со случајот во кои израелски војници со вистински и гумени куршуми раниле четири палестински деца на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Комесаријатот, израелските сили во последните две недели со вистински и гумени куршуми раниле четири палестински деца на различни локации на Западниот Брег.
Се вели дека според информациите кои ги поседуваат, четирите деца во моментот кога биле ранети не претставувале закана за израелските војници, ниту за другите.
Во соопштението се нагласува дека користење на прекумерна сила против лица кои не претставуваат закана е против меѓународното право.
„Канцеларијата на ОХЦХР упатува апел до Израел веднаш да спроведе транспарентна и независна истрага за сите случаи на користење сила која предизвикува убиство или повреда, и да бара отчет од одговорните страни“, се додава во соопштението на ОХЦХР.