Adem Şalvarcıoğlu
08 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку 56 лица загинаа при потонувањето на брод кој превезувал индонезиски работници од Малезија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавуваат локалните медиуми, началникот на полицијата на архипелагот Ријау, Самбуди Гусдијан потврди дека при тонењето на брод настрадале 56 лица, а во потрагата по уште шест лица кои се водат како исчезнати.
Гусдијан истакна дека во врска со несреќата е приведен сопственикот на бродот, како и еден член на екипажот.
Бродот се преврте пред седум дена кај островот Батам, а во моментот на несреќата на него се наоѓале околу 90 лица.