Muhammet Nazım Taşcı
03 Јули 2024•Ажурирај: 04 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Постојаниот претставник на Пакистан во Обединетите нации (ОН), амбасадорот Мунир Акрам, изјави дека е потребна итна интервенција за да се запре геноцидот вршен од Израел во Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Говорејќи на сесијата „Одговорност за заштита“ одржана во Генералното собрание на ОН, Акрам ја критикуваше реакцијата на меѓународната заедница на ситуацијата во Газа и праша:
„Каде се ефикасните бранители на одговорноста за заштита?“
Акрам нагласи дека некои земји ставиле вето на барањето за прекин на огнот, додека други му доставувале оружје на Израел и изјави дека е потребна итна интервенција за „запирање на геноцидот вршен од Израел во Појасот Газа“.
Упатувајќи молба до меѓународната заедница да разгледа како може најдобро да помогне во спречувањето на геноцидот, воените злосторства и злосторства против човештвото, Акрам истакна дека ситуацијата во Газа покажува дека луѓето под окупација на странските држави се соочуваат со големи прекршувања на човековите права.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври се убиени 37.925 Палестинци, од кои најмалку 15.694 деца и 10.279 жени, а ранети се 87.141 лице.