Ömer Yetkin Acar
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
САО ПАУЛО (АА) - Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, во однос на обидот за државен удар на група војници поврзани со опозицијата во Венецуела, рече: „Хипотезата дека може да се приклучиме индиректно во вооружената интервенција не можам да речам дека е нула, но е блиска до нула“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Болсонаро по обидот за државен удар во Венецуела даде изјава за медиумите во Бразил.
Тој, истакнувајќи дека во случај американскиот претседател, Доналд Трамп, да побара да ја искористи бразилската територија за воена интервенција во Венецуела, рече дека ќе ја оцени ситуацијата.
„Ако сака да ја користи територијата на Бразил, ќе го кажам следното: 'Ќе го соберам Националниот совет за одбрана, ќе ги слушнам сите мислења на сите органи на Националниот совет и ќе донесам одлука'. Хипотезата дека може да се приклучиме индиректно во вооружената интервенција не можам да речам дека е нула, но е блиска до нула“.
- За прогласување војна надлежно е Собранието -
Претседателот на Претставничкиот дом на Бразил, Родриго Маија, како одговор на Болсонаро преку социјалните медиуми истакна дека ако земјата објави војна на друга земја, претседателот треба да побара дозвола од Националниот конгрес.
- Поддршка од синот на Болсонаро -
Во говорот одржан во Општината Пакараима, на границата со Венецуела, синот на Болсонаро, пратеникот Едуардо Болсонаро, нагласи дека понекогаш е потребно да се употреби сила, и дека ќе ги поддржи „сите иницијативи“ за смена на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
- Бразилската работничка партија повика на демократија -
Претседателот на работничката партија на Бразил, Глеис Хофман, преку социјалните медиуми, потенцирајќи дека опозицијата на Венецуела со години сака да ја собори легитимната Влада во Венецуела, додаде:
„Ние не ги прифаќаме недемократските ставови како што е ова. Решавањето на проблемите на Венецуела се состои од отстранување на меѓународното економско ембарго каде што жртва е земјата, особено населението. Важно е дека демократските сили треба да го најдат патот за дијалог и да ја земат предвид волјата на граѓаните изразена на избори. Мирот во Венецуела е борба на сите демократи на Латинска Америка и на светот“.